Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.08/2024 за долгови доспеани до 30.04.2024 и неплатени до 31.07.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
- повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
- повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.08/2024 објавени се 1992 должници - правни лица (повеќе за 122 од претходната листа) и 3842 физички лица (повеќе за 68 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2024 изнесува 11.135.849.458 денари, (повеќе за 413.156.963 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.978.593.260 денари, (повеќе за 413.178.579 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 157.256.198 денари (помалку за 21.616 денари од претходната листа).
|