Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Исправка на Оглас бр.04/2020 за продажба на движни и недвижни ствари
Тип на отворен повик: Исправка на оглас Датум на објава: 28.07.2020 

Врз основа на член 151 и член 155 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ”, бр.13/06...35/18 и ,,Службен весник на РСМ“, бр.275/19), и Решение за запирање на постапка за присилна наплата бр.28-19-27/13-13/1 од 28.07.2020 година, Управата за јавни приходи објавува

ИСПРАВКА
на Оглас бр.04/2020 за продажба на движни и недвижни ствари

Во Огласот бр.04/2020 за продажба на движни и недвижни ствари објавен на ден 20.07.2020 година (пoнеделник) во дневниот весник “Слободен печат“, се врши исправка во табелата под реден бр.5 со тоа што се брише движната ствар-предмет на продажба ПМВ АУДИ 80, МОДЕЛ 90, PP-0498-AB, 1986, поради донесено Решение за запирање на постапка за присилна наплата од УЈП-РД Прилеп бр.28-19-27/13-13/1 од 28.07.2020 година.
Во останатиот дел, Огласот бр.04/2020 останува непроменет.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија