Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.01/2019 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 01.02.2019 

Врз основа на член 12 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“, бр.43/14 ...7/19), член 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“, бр.62/05 ...180/18), член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“, бр.27/14 ...198/18), Правилникот за внатрешна организација на Управата за јавни приходи, бр.01-6477/1 од 31.10.2016 година, бр.01-2187/1 од 24.02.2017 година, бр.01-2187/4 од 18.05.2017 година и бр.01-1674/6 од 07.03.2018 година и Правилникот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи, бр.01-6477/5 од 04.11.2016 година, бр.01-2439/1 од 07.03.2017 година, бр.01-2439/6 од 03.05.2017 година, бр.01-2439/13 од 29.05.2017 година, бр.01-5436/1 од 31.07.2017 година и бр.01-1674/7 од 07.03.2018 година, по претходно Известување од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства бр.18-1269/2 од 31.01.2019 година, и Одлуката за потреба од вработување на определено време во Управата за јавни приходи бр.03-777/1 од 31.01.2019 година, Управата за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2019
за вработување на десет (10) извршители на определено работно време
поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековната фискална година (2019)

Управата за јавни приходи објавува оглас за вработување на десет (10) извршители на определено работно време поради привремено зголемен обем на работа до крајот на тековната фискална година (2019) на следните работни места:

ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ

1)

Двајца (2) извршители на работно место: ДАН0101Г04004 - Помлад даночен агент за услуги во приемна канцеларија, Служба - Приемна канцеларија, Контакт центар, Сектор за централизирани оперативни функции, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование (гимназиско и/или стручно – економско, техничко или трговско), со или без работно искуство во струката, активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 18.742.37 денари;

ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ СКОПЈЕ

2)

Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г04001 – Помлад даночен контролор, Служба за даночна контрола, Даночен инспекторат за големи даночни обврзници, Даночен инспекторат за големи даночни обврзници, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование (гимназиско и/или стручно – економска, правна или графичка струка), со или без работно искуство во струката, активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 22,836.38 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ

3)

Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г01006 - Самостоен даночен референт за инспекторско досие, Служба за евиденција на контролите, Регионален даночен инспекторат, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование, со најмалку три години работно искуство во струката (гимназиско и/или економска, правна или градежна струка), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 22,836.38 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ПРИЛЕП

 4)

Двајца (2) извршители на работно место: ДАН0101Г01006 - Самостоен даночен референт за регистрација на даночни обврзници - физички лица, Служба за регистрација и утврдување на даноци за даночни обврзници - физички лица, Даночно одделение Кавадарци, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование, со најмалку три години работно искуство во струката (гимназиско и/или економска, техничка или педагошка струка), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 22,836.38 денари;

5)

Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г02001 – Виш даночен контролор, Служба за даночна контрола, Регионален даночен инспекторат, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование (гимназиско и/или економска, машинска или сообраќајно техничка струка), со најмалку две години работно искуство во струката, активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 28,568.68 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП

 6)

Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г03003 - Даночен референт за регистрација на даночни обврзници – физички лица, Служба за регистрација и утврдување на даноци за даночни обврзници - физички лица, Даночно одделение Крива Паланка, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование, со најмалку една година работно искуство во струката (гимназиско и/или економска, техничка или педагошка струка), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 21,198.10 денари;

 7)

Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г01004 - Самостоен даночен агент за услуги, Даночен шалтер Кратово, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование, со најмалку три години работно искуство во струката (гимназиско и/или економска, био-технолошка или машинска струка), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 27,750.10 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СТРУМИЦА

 8)

Еден (1) извршител на работно место: ДАН0101Г03001 – Даночен контролор, Служба за даночна контрола, Регионален даночен инспекторат, со ниво на квалификации VA или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКЦОО или најмалку више или средно образование, со најмалку една година работно искуство во струката (гимназиско и/или економска, машинска или сообраќајно техничка струка), активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) и основна плата во нето износ 26,930.96 денари;

Општи услови за сите работни места
Да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена слособност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Распоред на работно време
Работни часови во неделата: 40 часа.
Работно време: од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи
Доказ за државјанство;
Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
Доказ уверение/диплома за завршен степен на образование (со изразен степен на квалификации и просек на добиени оценки за сите години/сите свидетелства со изразен просек на добиени оценки за сите години);
Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (само за работните места каде што се бара работно искуство).

Кандидатите се должни да поднесат Пријава со назнака за кое работно место се пријавува кандидатот, кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 06.02.2019 (среда).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Управа за јавни приходи или по пошта на следната адреса: ул. „Кузман Јосифовски Питу” бр.1, 1000 Скопје, Архива на Управа за јавни приходи – Генерална Дирекција (со назнака „за оглас за вработување бр.1/2019” Контакт број 02 3 299-537 Сектор за управување со човечки ресурси при Управа за јавни приходи на РМ).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија