Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Листа на должници бр.03/2018 за долгови доспеани до 30.11.2017 и неплатени до 28.02.2018 година
Тип на отворен повик: Листа на должници Датум на објава: 09.03.2018 

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.03/2018 за долгови доспеани до 30.11.2017 и неплатени до 28.02.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.03/2018 објавени се 2144 должници - правни лица (пoмалку за 255 од претходната листа) и 1884 физички лица (помалку за 130 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2018 изнесува 9.802.177.253 денари, помалку за 1.251.320.157 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.759.350.485 денари (помалку за 1.248.358.638денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 42.826.768 денари (помалку за 2.961.519 денари од претходната листа).

Document   08-1935_2_Листа на должници бр.03/2018_12.03.2018  (966 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија