Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавен повик бр.01 и 02 и Листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса
Тип на отворен повик: Јавна објава Датум на објава: 02.09.2016 

Врз основа на член 84 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ” бр.124/15), Управата за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за уредна достава на решенија за присилна наплата
на радиoдифузна такса

Се повикуваат обврзниците кои должат радиодифузна такса наведени во листата (види прилог) објавена на веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП, во надлежната Регионална дирекција (според место на живеење), секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот.
„Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ бр.22-5344/1 од 02.09.2016 година објавена на веб страницата на УЈП содржи податоци за: 1) Име и презиме на обврзник на радиодифузна такса; 2) Последна адреса на обврзник на радиодифузна такса; 3) Број на решение; 4) Датум на решение.
Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.
Доколку должникот - обврзник на радиодифузна такса наведен во „Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ бр.22-5344/1 од 02.09.2016 година не се јави и не изврши прием на Решението во наведениот рок, Управата за јавни приходи ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ“.
По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса.

Document   Листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса бр.22-5344/1 од 02.09.2016   (4 MB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија