Врз основа на член 44 став 8 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ”, бр.13/2006...154/2015) и член 86 и 87 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на РМ”, бр.38/05...51/11), Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, Комисија за прекршоци на 18 и 19 декември 2015 година во дневниот печат „Дневник“ објави „Јавна објава за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ бр.01 и 02, со кои се повикаа правните и физичките лица наведени во „Листата за уредна достава на известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ бр.25-18345/2 од 17.12.2015 година објавена на веб страницата http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, во рок од осум дена да ги подигнат Известувањата за произнесување, согласно член 63 од Законот за прекршоци.
Со оваа објава во „Службен весник на Република Македонија“ се смета дека Управата за јавни приходи изврши уредна достава на „Известувањата за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ наведени во „Листата за уредно доставени известувања за произнесувања по барања за поведување на прекршочна постапка“ (УЈП бр. 25-18345/3 од 23.12.2015 година) објавена на веб страницата http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici (во прилог).
|