Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Известување во врска со Уверение за платени даноци и придонеси бр.25-45/7769/3 од 10.11.2015 година
Тип на отворен повик: Известување Датум на објава: 19.11.2015 

Врз основа на член 4 алинеја 17 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.43/14...61/15), Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје како надлежен орган, во функција на општ интерес, го дава следнотo

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Уверението за платени даноци и придонеси бр.25-45/7769/3 од 10.11.2015 година, издадено од Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје, а се однесува за даночниот обврзник / барател НИКОБ ДОО Скопје, со Решение бр.25-45/7769/4 од 18.11.2015 година е ставено вон сила.

Управата за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје известува дека Уверението за платени даноци и придонеси бр.25-45/7769/3 од 10.11.2015 година, не предизвикува правни последици и неможе да се користи по ниту еден основ.

 

Управа за јавни приходи
Регионална дирекција Скопје

Pdf_16   Известување во врска со Уверение за платени даноци и придонеси  (46 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија