Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.03/2015 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 11.02.2015 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/05...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...113/14), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.155/14) и Одлука бр.08-1086/1 од 10.02.2015 година, Управа за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 03/2015
за вработување во Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 1 извршител/и, за следните работни места:

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА/ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД

1) Еден (1) извршител на работно место Помлад даночен референт за регистрација и услуги на даночни обврзници во Служба за регистрација и услуги на даночни обврзници со завршен IV/VI степен на средно или више образование, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 18,747.00 денари.

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
                Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
                бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
                со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.03/2015“
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 1 за кои не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време е утврден во две смени: во прва смена од 08:30 до 15:30 часот од понеделник до четврток, од 08:30 до 15:00 часот во петок и од 08:30 до 14:00 часот во сабота, а во втора смена од 10:00 до 18:00 часот од понеделник до петок.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија