Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Јавен оглас бр.01/2015 за вработување во Управа за јавни приходи
Тип на отворен повик: Вработување Датум на објава: 08.01.2015 

Врз основа на член 25 од Законот за Управата за јавни приходи („Службен весник на РМ”, бр.81/05...39/12), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ”, бр.62/05...113/14), член 17 од Закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година („Службен весник на РМ”, бр.155/14) и Одлука бр.08-75/1 од 02.01.2015 година, Управа за јавни приходи објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2015
за вработување во Управа за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од вработување на 15 извршител/и, за следните работни места:

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА

 1) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад ИТ специјалист за одржување на информациониот систем во Одделение за одржување на информациониот систем, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС- Електротехнички или Природноматематички факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
 2) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за даночни евиденции во Одделение за утврдување на данок, Служба за даночни евиденции, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
3) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за извршување во Одделение за присилна наплата, Служба за извршување (јавна аукција), со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП

 4) Eден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за утврдување на данок во Одделение за утврдување на данок, Служба за утврдување на данок, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
 5) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за извршување во Одделение за присилна наплата на данок, Служба за извршување (јавна аукција), со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП / ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦA

 6) Еден (1) извршител/и на работно место Асистент за утврдување на данок во Служба за утврдување на данок, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Факултет од областа на Општествените науки, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,701.82 денари;
 7) Еден (1) извршител/и на работно место Даночен советник за регистрација и услуги на даночни обврзници во Служба за регистрација и услуги на даночни обврзници, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС- Факултет од областа на Општествените науки, со најмалку 2 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 34,710.96 денари; 

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ

 8) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за извршување во Одделение за присилна наплата на данок, Служба за извршување (јавна аукција), со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
 9) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за утврдување на данок во Одделение за утврдување на данок, Служба за утврдување на данок, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
10) Еден (1) извршител/и на работно место Помлад асистент за поврат, пребивање и пренасочување на данок во Одделение за утврдување на данок, Служба за поврат, пребивање и пренасочување на данок, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС - Економски или Правен факултет, без работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 28,569.38 денари;
11) Еден (1) извршител/и на работно место ИТ специјалист за одржување на информациониот систем во Одделение за одржување на информациониот систем, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС- Електротехнички или Природноматематички факултет, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,701.82 денари;
12) Еден (1) извршител/и на работно место Асистент за прием и обработка и пријави во Одделение за утврдување на данок, Служба за прием и обработка на пријави, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС- Економски или Правен факултет, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,701.82 денари;
13) Еден (1) извршител/и на работно место Асистент за регистрација на даночни обврзници во Одделение за услуги на даночни обврзници, Служба за регистрација на даночни обврзници, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС- Факултет од областа на Општествените науки, со најмалку 1 година работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 31,701.82 денари;
14) Еден (1) извршител/и на работно место Даночен советник за стечај во Одделение за правни работи, Служба за стечај, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС- Економски или Правен факултет, со најмалку 2 години работно искуство во струката, со основна плата во нето износ од 34,710.96 денари;

РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА КАВАДАРЦИ / ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА

15) Еден (1) извршител/и на работно место Даночен советник за регистрација и услуги на даночни обврзници во Служба за регистрација и услуги на даночни обврзници, со завршен VII/1 степен или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС- Факултет од областа на Општествените науки, со најмалку 2 години работно искуство во струката со основна плата во нето износ од 34,710.96 денари;

Кандидатот треба да е државјанин на Република Македонија и да ги исполнува горенаведените услови.
Заинтересираниот кандидат е должен да достави пополнет образец „Пријава за вработување во Управа за јавни приходи”, која може да се преземе од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/105
Кандидатот е должен пријавата да ја пополни во целост, прецизно, со точни податоци и да ја достави во архивата на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје или преку пошта на следната адреса:
                       Управа за јавни приходи - Генерална дирекција
                      бул. „Кузман Јосифовски - Питу” бр.1, 1000 Скопје
                      со назнака: за “ЈАВЕН ОГЛАС БР.1/2015“
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од
страна на Комисијата за вработување во Управата за јавни приходи.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 6), 7), 11), 12), 13), 14) и 15) за кои е предвидено работно искуство во струката ќе биде спроведено интервју или писмена проверка за кое ќе бидат писмено известени.
Со кандидатите кои доставиле уредни пријави за работното место под реден број 1), 2), 3), 4), 5), 8), 9) и 10) за кои не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју за кое ќе бидат писмено известени.
Избраниот кандидат ќе биде повикан во Управата за јавни приходи да достави докази за исполнување на горенаведените услови за работното место за кое конкурирал, во оригинал или копија заверена кај нотар.
Почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време е утврден од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок, а за работните места во одделенијата/службите за регистрација и услуги на даночни обврзници и одделенијата/службите за утвдување на данок под реден број 2), 4), 6), 7), 9), 10), 12), 13) и 15), е утврден во две смени: во прва смена од 08:30 до 15:30 часот од понеделник до четврток, од 08:30 до 15:00 часот во петок и од 08:30 до 14:00 часот во сабота, а во втора смена од 10:00 до 18:00 часот од понеделник до петок.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија