Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Оглас за отворена локална тендерска постапка „Реновирање и адаптација на приземјето на Управа за јавни приходи, Регионална дирекција, Скопје со цел да биде новиот Контакт центар / Повикувачки центар на УЈП“, Број на објава: EuropeAid/136157/D/WKS/MK
Тип на отворен повик: Јавна набавка Датум на објава: 08.08.2014 
     
 

ОГЛАС ЗА ОТВОРЕНА ЛОКАЛНА ТЕНДЕРСКA ПОСТАПКА
Реновирање и адаптација на приземјето на Управа за јавни приходи, Регионална дирекција, Скопје со цел да биде новиот Контакт центар / Повикувачки центар на УЈП

 
   Број на објава: EuropeAid/136157/D/WKS/MK  

 

Министерството за финансии - Сектор за централно финансирање и склучување договори, ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, има намера да додели договор за изведба на градежни работи за проектот „Реновирање и адаптација на приземјето на Управа за јавни приходи, Регионална дирекција, Скопје со цел да биде новиот Контакт центар/Повикувачки центар на УЈП“ поддржан со финансиска помош од ИПА Програмата на Европската унија.

Тендерската документација е публикувана на веб-страницата на EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome и на веб-страницата на Секторот за централно финансирање и склучување на договори: http://cfcd.finance.gov.mk
Крајниот рок за доставување на понудите е 7 Октомври 2014 година, 12:00 часот по средно - европско време, во просториите на Секторот за централно финансирање и склучување на договори, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје (зградата на Интекс, прв спрат).

Дополнителни информации или објаснувања/прашања ќе бидат публикувани на веб-страницата на EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome
и на веб-страницата на секторот за централно финансирање и склучување на договори http://cfcd.finance.gov.mk

Објавата за тендер е публикувана и во „Службен весник на Република Македонија“ од 8 август 2014 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија