Врз основа на член 86 став 3 и член 87 став 2 од Законот за општата управна постапка, Управата за јавни приходи врши
ЈАВНА ОБЈАВА
за достава на Решение бр.16-2437/1 од 02.10.2012 година
Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Штип му соопштува на наведеното лице дека има решение по изјавената жалба кое не е во состојба да го достави затоа што седиштето на странката не е познато за органот чие писмено се доставува и тоа:
- Решение бр.16-2437/1 од 02.10.2012 година на Министерство за финансии - Сектор за второстепена управна постапка, управни и судски спорови Скопје за правното лице Шери ДООЕЛ Кочани од Кочани со седиште на ул.Сремска бр.21 Кочани.
Против решението може да се поведе управен спор пред Управниот суд на РМ во рок од 30 дена од денот на доставувањето.
Се повикува наведеното првно лице во рок од 10 (десет) дена од објавата да се јави за прием на решението во просториите на Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Штип, ул.Плоштад Слобода бб Штип, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.
Согласно член 87 став 2 од Законот за општата управна постапка овој начин на доставување се смета за уредна достава и доколку повиканото лице не го стори тоа негативните последици кои можат да настанат ќе ги сносат самите странки.
|