Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Преглед на образец
Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права
Кратко име: ПДД-АДП/ПИ
Тип на данок: Персонален данок на доход

Аконтативната даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права ја поднесуваат физичките лица - обврзници на персоналниот данок на доход кои остваруваат приходи од имот и имотни права.

Доколку обврзникот остварува приходи од издавање во закуп или подзакуп на повеќе имоти или имотни права, потребно е за секој од нив да поднесе посебна Аконтативната даночна пријава.

Аконтативната даночна пријава се поднесува во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите, до даночната канцеларија на УЈП на чија територија се наоѓа имотот или по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk
Аконтативната даночна пријава-одјава се поднесува и во случај кога закупот/подзакупот престанува пред истекот на договорот.

На даночниот обврзник за сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност, ако не поднесе Аконтативна даночна пријава во пропишаниот рок.

Пред да ја пополните Аконтативна даночна пријава, прочитајте го Упаството за пополнување (составен дел на пријавата).

Pdf_16   Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права_15-2011_од 10.02.2011  (802 KB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија