Memorandum_mk
Преглед на образец
Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи
Кратко име: ПДД-ГИ
Тип на данок: Персонален данок на доход

Исплатувачите кои вршат исплата на приходи на физички лица по следните основи:

  • лични примања
  • приходи од авторски права и права од индустриска сопственост
  • приходи од капитал
  • приходи од имот и имотни права
  • добивки од игри на среќа и
  • други приходи

за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, должни се до Управата за јавни приходи да достават годишен извештај за бруто остварените приходи од обврзниците, за пресметаниот и платениот данок и придонесите и вкупно исплатените нето приходи по сите основи во текот на календарската година.

Годишниот извештај задолжително се поднесува најдоцна до 31 Јануари наредната година, по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk на еден од следните начини:

  • преку соодветна форма за внес на податоци во е-Даноци; или
  • со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци.

Економските субјекти кои вршеле исплати на граѓани и имале обврска да го пресметаат и уплатат персоналниот данок задолжително треба на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во календарската година, најдоцна до 25 јануари наредната година.

Document   Превземи го документот  (204 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија