Како барател на повеќе / погрешно платени придонеси и персонален данок од плата може да се јави обврзникот за пресметка и уплата.
Враќањето на повеќе / погрешно платениот придонес и персоналниот данок во готови пари на сметка се врши врз основа на претходно доставено Барање УЈП-УН-З.2-41 кое се доставува до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
Барање за поврат на повеќе уплатени средства и персонален данок се поднесува во следните случаи:
- Пресметани и уплатени придонеси и персонален данок за обврзници за плаќање за периоди за кои немаат активна М1 пријава;
- Пресметани и уплатени придонеси и персонален данок за лица кои го изгубиле статусот на обврзник за плаќање;
- Грешно реализиран налог ПП53 од страна на носителот на платен промет;
- Двојно реализиран налог ПП53, при што придонесите и персоналниот данок се двапати платени по ист фолио број;
- Погрешно платени придонеси и персонален данок за лица кои се ослободени од плаќање на придонес / персонален данок (инвалидни лица, лица вработени во ТИРЗ и сл.).
Во прилог на барањето се доставува копија од налог за плаќање со кој е извршена повеќе / погрешна уплата, копија од дневен извод за промени и состојба на сметката на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси и персонален данок од плата (барателот), од денот кога е извршена уплатата и друго (пр. М1/М2 образец, потврда за инвалидност и сл).
Износот на повеќе платен придонес и персонален данок во тековниот може да се појави како автоматски поврат на средства (износ кој се одбива од месечниот износ на придонес) во декларацијата за прием на МПИН за наредниот месец и за истиот не се поднесува барање за поврат на средства.
Обврзникот доколку не е ослободен од плаќање административни такси согласно член 15 и 18 од Законот за административни такси, должен е да плати административни такси во износ од 300 денари од кои:
- 50,00 денари за барањето
- 250,00 денари за решението
За повеќе информации, кликнете тука.
|