Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за издавање на уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки
Кратко име: Б/УПД
Тип на данок: Сите јавни давачки

Управата за јавни приходи издава уверенија за платени, односно неплатени даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки, со цел да послужат како доказ за утврдување на фактичката состојба врз основа на која се решава за правата, обврските или правните интереси на странката (даночен обврзник) од страна на друг надлежен јавен орган.

По претходно поднесено Барање (образец Б/УПД), УЈП издава два вида на уверенија:

  1. УВЕРЕНИЕ за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки - се издава за платени, односно неплатени даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки (за тековна состојба или за состојба во бараниот период). Уверението се издава за состојба на сите даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки кои ги управува или доколку истите со закон се доверени да ги управува УЈП, и тоа: 1) Данок на додадена вредност; 2) Данок на добивка; 3) Данок на личен доход; 4) Придонеси од задолжително социјално осигурување и Данок на личен доход од МПИН, за периоди почнувајќи од 01.01.2009 година; 5) Камати; 6) Надоместоци и посебни давачки од игри на среќа; 7) Трошоци во постапката за присилна наплата и еднократна посебна такса; 8) Глоби и други прекршочни санкции во даночна постапка; 9) Парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија; 10) Судски такси; 11) Радиодифузна такса за периоди од 01.01.2011 до 30.09.2017 година; и Други јавни приходи и давачки.
    За повеќе информации во врска со постапката за издавање на Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки, кликни тука.
  2. УВЕРЕНИЕ за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија - се издава само доколку Барањето (образец Б/УПД) е поднесено за цели (основ) на остварување на право на „Пензија (регулирање на стаж на земјоделец или самостоен вршител дејност пред ФПИОСМ)“. Ова Уверение се издава за платени, односно неплатени придонеси за пензиско и инавалидско осигирување за состојба во бараниот период, со цел да послужи како доказ за регулирање на стаж врз основа на кој се решава за правото за остварување на пензија пред ФПИОСМ, само за: 1) Земјоделец во период/и од 1978 до 2001 година; 2) Самостоен вршител на дејност оданочуван со годишен паушален износ во период/и 1984 до 2001 година; 3) Самостоен вршител на дејност оданочуван по вистински доход во период/и 1983 до 1997 година.
    За повеќе информации во врска со постапката за издавање на Уверение за состојба на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за остварување на право на пензија, кликни тука.
Pdf_16   Барање за издавање на уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки  (91 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија