Врз основа на Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите, за остварување на правото работодавачот - медиумот поднесува Барање за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување до Управата за јавни приходи. Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 5 дена од денот на доставувањето на барањето.
|