Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ
Кратко име: БВПС/ДДВ-01
Тип на данок: Данок на додадена вредност

Доколку даночниот обврзник, не по своја вина, бил спречен да го запази законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) има право да поднесе Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01), до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/

Во барањето треба јасно да бидат образложени и веродостојни причините за пропуштање на рокот.

Рокот за поднесување на барањето е еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот.

Pdf_16   Превземи го документот  (72 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија