Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

25.09.2014
НОВО! Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови
УЈП изготви ново Упатство кое обезбедува јасни насоки за имплементаторите на проекти и вршителите на промет на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, а со цел правилно спроведување за постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување пропишано со член 24-а и 53-а од Законот за ДДВ. Упатството обезбедува и практични информации за начинот и роковите за поднесување на Пријава ДДВ-ПЕФ-ДО; начинот на издавање и сторнирање на Фактура ДДВ-ФП-ДО, начинот и роковите за поднесување на Eвиденција ДДВ-ЕПФ; и користење на системот е-Даноци во постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување...
 
12.09.2014
Од 1 октомври - Регионалните дирекции на УЈП со ново работно време до 18 часот
Од 1 октомври 2014 година, сите Регионални дирекции на УЈП (Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци) ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и од правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обвски. Од тие причини, го продолжување работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите...
 
07.08.2014
Намалени даночни стапки за добиточна храна, бебешки производи и училишен прибор
Со најновите измени на Законот за данокот на додадена вредност намалена е даночната стапка за ДДВ од 18% на 5% за следните добра: Добитична храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток; Бебешки производи (креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња); Училишен прибор (училишна торба - ранец, тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор). Добрата за кои ќе се применува намалената даночна стапка се подетално опфатени со...
 
05.08.2014
Нови шифри за поднесување на исправка на МПИН пресметка за дополнителна работа по член 121 од Законот за работни односи
Согласно член 121 од Законот за рабони односи, работникот кој работи полно работно време, може по исклучок да склучи договор за вработување со неполно работно време со друг работодавач, меѓутоа најмногу за 10 (десет) часа неделно, со претходна согласност на работодавачите, каде што е вработен со полно работно време. Платата која работникот ќе ја оствари по основ на дополнителна работа подлежи на пресметување на придонеси од задолжително социјално осигурување и персонален данок од плата. При пресметката на персоналниот данок од плата, основицата за пресметка не се намалува за износот на даночното ослободување, од причина што истото е искористено од страна на работодавачот/ работодавачите, каде што работникот е вработен со полно работно време. МПИН пресметката за дополнителна работа се поднесува со вид на обврзник (110,111,112) и вид на обврска 123...
 
24.07.2014
Нови сметки за плаќање на радиодифузна такса
Управата за јавни приходи ги информира обврзниците за плаќање на радиодифузна такса дека плаќањето на радиодифузната такса, покрај на собирната сметка на ЈП МРТ отворена во Комерцијална банка 300000002318627, отсега ќе можат да го вршат и во следните банки каде се отворени нови сметки на ЈП МРТ за плаќање на РДТ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија