|
|
|
|
|
|
|
|
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
| |
|
|
|
|
|
1 |
| 2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
| 9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
| 16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
| 23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
|
10.03.2009
Бидејќи крајниот рок за поднесување на даночните пријави (15 март 2009) се паѓа во неработен ден, како и поради зголемен број на пријави кои ќе се поднесуваат во наредните денови, ги информираме граѓаните дека прием на Годишна даночна пријава ќе се врши и на 14-ти март/сабота и на 16-ти март/понеделник, од 08:30 – 16:30 часот, во сите даночни канцеларии на УЈП низ Македонија.
|
|
|
06.03.2009
Правни лица кои што остваруваат добивка од вршење на дејност, вклучително и обврзниците со посебен даночен статус - заштитните друштва, стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и казнено-поправните установи, како и корисниците на технолошко-индустриските и развојни зони, немаат обврска да доставуваат Месечни пресметки на аконтациите на данокот на добивка (образец “МДБ“) за утврдувањето и плаќањето на месечните аконтации за февруари - декември 2009 година и јануари 2010 година. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка во примена од 1 јануари 2009 година, се пропиша постапката на утврдување на месечните аконтации на данокот на добивка за 2009 година.
|
|
|
04.03.2009
Пресметките за плата задолжително да се поднесуваат, одделно, за секој даночен обврзник (еден даночен обврзник, еден маил). Декларацијата и Налогот за плаќање ќе Ви бидат доставени од УЈП на Вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Еднаш доставената пресметка за плата да не се праќа повторно преку е-пошта или во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи. Даночни канцеларии и локации во Скопје каде може да ја поднесете месечната пресметка за плати за февруари ......
|
|
|
04.03.2009
Врз основа на известувањето од “Македонски Телеком“ АД Скопје, во периодот од 4 до 6 март 2009, поради извршување на изведбени зафати на телекомуникациската мрежа кај корисниците на мрежата (вклучувајќи ја и Управата за јавни приходи) може да се јават прекини и забавување на мрежните сервиси. Од тие причини, ги информираме даночните обврзници дека во наредните два дена може да се јават и прекини и забавување на процесот за електронската достава на “МПИН“ образецот преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk.
|
|
|
27.02.2009
“При утврдување на најниската и највисоката основица за пресметување и плаќање на придонеси за февруарската плата 2009 година, како просечна бруто плата се зема објавената бруто плата за месец ноември која изнесува 27.507,00 денари. Најниската основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 13.753,50 денари (50% од 27.507,00 денари), а највисоката основица за пресметување и плаќање на придонесите изнесува 110.028,00 денари (4X27.507,00 денари), и истите ќе се применуваат во текот на цела 2009 година.“ (*Министерство за финансии, бр. 02-7919/1 од 27.02.2009 година)
|
|
|
|
|
|
|
|