Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

26.10.2010
Ризици на усогласеност и надворешна контрола во банкарскиот сектор
Работилницата која се одржи во текот на месец октомври, во рамки на воспоставената соработка на УЈП и ММФ, овозможи едукација на даночните службеници од ДГДО за актуелните прашања кои се однесуваат на ризици на усогласеноста во банкарската дејност. Учесниците на работилницата работеа на утврдување на ризикот и на анализа пред надворешна контрола кај повеќе македонски банки. Тимовите, во следните два месеци, ќе организираат надворешна контрола кај шест банки, по што ќе следи сесија во јануари 2011 на која ќе се презентираат остварените резултати.
 
08.10.2010
УЈП во твининг со Австриските и Словачките даночни власти
Со цел имплементација на најдобрите ЕУ практики во борбата против корупцијата и намалувањето на даночната евазија во Република Македонија, во изминатите девет месеци, со помош на тим од високостручни даночни експерти од Австрија и Словачка, успешно се реализираа обуки, работилници, студиски посети и практична работа на конкретни случаи на оваа тема, преку кои на даночните службеници од УЈП, им беше овозможено и укажано како да пристапат кон ефикасно искористување на своите надлежности, посебно во делот на функционирањето на Даночниот инспекторат за спречување на корупцијата, но и поттикнување и поддршка во спроведување на специјални истраги по примерот на европските земји. Информирајте се како да избегнете да бидете дел од шемите на даночните измами и какви мерки и активности презема Управата за јавни приходи и даночните администрации за контрола на даночните обврзници - измамници.
 
29.09.2010
Од 1 октомври - Вo примена нов образец “ДДВ-04“
Новата Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-04“) е во функција на усогласување со последните измени на Законот за ДДВ, со кои се предвидува прилогот кон ДДВ-пријавата – Периодичен извештај од денарски и девизни трансакциски сметки на ДДВ обврзникот да се доставува до Управата за јавни приходи по електронски пат од страна на носителите на платен промет (банки).
 
01.09.2010
Нова услуга - ЕЛЕКТРОНСКИ УВИД ВО ДАНОЧНА КАРТИЦА
Oд денес/1 септември 2010 година, за сите правни субјекти и вршители на дејност кои се корисници на е-Даноци достапна е новата услуга - Електронски увид во даночна картица. Услугата овозможува, во секој момент преку вашиот компјутер, да вршите проверка и да бидете во тек со состојбата на вашите даночни побарувања и обврски кои ги води УЈП, без притоа да морате да доаѓате лично во даночните канцеларии.
 
25.08.2010
Нови обрасци за фискализација
Ги информираме даночните обврзници и овластените производители на фискални апарати дека од денес/25 август 2010 година во примена се новите обрасци за фискализација: ФА-01; ФА-02; ФА-03 и БЗ-01. Обрасците се редизајнирани и поедноставени согласно барањата и потребите на даночните обврзници и за истите е овозможено компјутерско пополнување и внес на бараните податоци.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија