Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

04.05.2012
Долговите за радиодифузна такса присилно ќе се наплатуваат
Ги повикуваме правните лица и граѓаните кои имаат неплатен долг на радиодифузна такса, истото да го сторат во најкус можен рок, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапка за присилна наплата на заостанатите долгови на обврзниците на радиодифузна такса. Дополнителна причина за уплата на заостанатите обврски е што спроведувањето на постапката за присилна наплата повлекува и дополнителни трошоци кои паѓаат на товар на обврзникот...
 
20.04.2012
Било какви етикетирања и квалификации нема да ја спречат Управата
Последните контроли на УЈП уште еднаш покажаа дека не ретки се обидите за политички етикетирања и квалификации на работата на Управата за јавни приходи во контекст на локални препукување и нечии бизнис интереси. Пораката која сакаме да ја испратиме до испраќачот на писмото кое пристигна до УЈП, но и на сите оние кои на ваков или сличен начин размислуваат да извршат влијание и притисок на Управата е дека секој недисциплиниран даночен обврзник ќе ги сноси законските последиците и тоа ниту повеќе, ниту помалку.Обидите за нарушување на интегритетот и угледот на даночната администрација од “локалните кујни“, како и фактот...
 
12.04.2012
На патот на нелегалниот бизнис и во Прилепско и Струшко
Управата за јавни приходи во изминатите три дена откри нови 21 случаи на нелегално работење во делот на игрите на среќа и фискализацијата, од кои кај дел активностите беа спроведени заеднички со МВР. Поради приредување на игри на среќа кои се забранети во Македонија и нелиценцирано вршење дејност во Охрид, с.Радолишта (струшко), с.Обршани и с.Дебреште (прилепско), УЈП одзеде 7 покер апарати и затвори 4 објекти. Во заедничката акција со службите на МВР, вчера вечерта одземени се и 44 апарати и опрема за игри на среќа од 5 објекти во с.Лабуништа, с. Вевчани, с.Велешта и Струга. Исто така, даночните инспектори утврдија угостителски објекти кои работеле на “диво“ и го криеле прометот од даночниците...
 
09.04.2012
Откриено диво казино и во валандовско
Сместено во просториите на бивша конфекција во с.Марвинци Валандовско, даночните контролори го открија дивото казино изминатата седмица, по што е извршена заплена на целокупната опрема (рулет маси, покер апарати, компјутери и друга опрема). На лице место затекнати се и работници на црно, за што се известени и надлежните институции...По најавата на кампањата на УЈП „Стоп на сивата економија, стоп на плаќањата под рака“, и затворањето на дивите казина во Кочани, Крива Паланка и последното во Валандовско, граѓаните се повеќе пријавуваат вакви случаи во УЈП. Само во првите три месеци, граѓаните до УЈП доставиле 722 пријави за даночно затајување и 701 пријава за неиздавање на фискална сметка, што е 40 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2011 година...
 
04.04.2012
Во фокус на мартовските обуки - Стечајни постапки и администрирање на мали и средни даночни обврзници
Подобрувањето на даночната пракса и подигнување на квалитетот и стандардите на работа поврзани со стечајните постапки и администрирањето на малите и средни даночни обврзници беа во фокусот на интерните обуки за вработените во УЈП кои ги организираше Даночната академија во месец март...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија