Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

03.12.2012
Даночна академија – TAIEX Работилница „е-Трговија“
Скопје - На 3-ти Декември 2012 година во х. Карпош се одржа еднодневна работилница на тема „е- Трговија“, во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации TAIEX. На оваа еднодневна работилница беа презентирани најдобрите практики во земјите членки на ЕУ во делот на „е-Трговија“, идентификување и собирање на информации од Интернет и можноста за нивно користење при поддршка на инспекторите...
 
30.11.2012
Даночна академија - Обука за ефикасни методи за присилна наплата
Скопје - Во Контакт центарот на Управата за јавни приходи започна првиот модул на обука за вработените од Царинската управа на РМ на тема “Ефикасни методи за присилна наплата”. Целта на оваа обука е запознавање на царинските службеници со методите на присилна наплата кои ги спроведува Управата за јавни приходи за наплата на даночните долгови заради имплементирање и соодветна примена на истите во постапката на наплата на долгови по основ на царински обврски.
 
30.11.2012
Меѓународна работилница - „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“
Скопје – Даночната академија на Управата за јавни приходи во соработка со меѓународната организација за развој „Crown Agents“, на 29ти и 30ти Ноември 2012 година одржа меѓународна работилница на тема „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“. На дводневната работилница, презентации одржаа ММФ, ИОТА, ЕУ, УЈП, и даночните администрации на Словенија и Велика Британија...
 
27.11.2012
Програма за одбележување на Денот на даночниците „Св.Матеј“ (од 27 до 30 Ноември 2012 година)
Во рамките на Програмата за одбележување на Денот на даночниците „Св. Матеј“ (29 Ноември), Управата за јавни приходи традиционално организира повеќе настани од интерен, јавен и меѓународен карактер: Промоција на нова услуга „е – Промена на податоци“, Крводарителска акција „Капка крв, спасува живот“, Промоција на новата Интранет страница на УЈП, Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман“, Фудбалски натпревар, Меѓународна работилница „Глобални трендови во оданочувањето на градежната индустрија“...
 
27.11.2012
Новo – Пријавете промена на податоци преку телефон!
Oд 29 ноември 2012 година, за фирмите (правни лица и вршители на дејност) достапна е новата услуга на Управата за јавни приходи ,,е-Промена на податоци”. Преку користење на оваа услуга, фирмите можат брзо и едноставно преку телефонско јавување на бесплатниот број 0800 33 000 да извршат промена на нивните податоци кои се водат во Регистарот на даночни обврзници на УЈП. Заради осигурување на висок степен на безбедност и заштита на податоците, даночниот обврзник услугата ќе може да ја користи само со ПИНКОД, кој е задолжителен за идентификација и без кој не може да се врши промена на регистрационите податоци. За доделениот пинкод, секоја фирма и ново регистриран даночен обрзник ќе добие известување од УЈП преку пошта. Како се користи услугата?...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија