Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

31.12.2012
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2013 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување...
 
28.12.2012
Адвокати – Kористете адвокатски маркички од 1 јануари 2013
Од 1 јануари 2013 година, адвокатите кои остваруваат приходи во готово должни се кон секоја исправа или поднесок да приложат адвокатски маркички. Адвокатската маркичка е инструмент за аконтативно плаќање на персоналниот данок на доход за оние приходи кои адвокатите ги остваруваат во готово во случаите кога наградата за дадената правна помош гласи на минималните износи утврдени со Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите објавена во „Службен весник на РМ“.
 
27.12.2012
Tри дена до крајниот рок за прилагодување за електронско пријавување на даноци
1075 месечни ДДВ обврзници имаат уште три работни дена да се прилагодат за електронското пријавување на ДДВ и данок на добивка. Од 1 Јануари 2013 година, оваа категорија на ДДВ обврзници, наместо во хартиена форма, ДДВ пријавите и даночни биланси за данокот на добивка ќе треба задолжително да ги доставуваат по електронски пат, преку интернет сервисот на УЈП е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/. Доколку во наредните денови, даночните обврзници и сметководствените бироа, не се прилагодат на новините во даночното работење...
 
26.12.2012
Даночна академија - Обука за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“
Даночната академија во периодот од 25 до 27 декември 2012 година одржа тродневна работилница на тема “Запознавање со работниот процес на Управата за јавни приходи” на која присуствуваа 30 студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“. На теоретскиот дел од работилницата, даночните експерти од УЈП го претставија профилот на Управата за приходи, а за време на практичниот дел од ова работилница студентите ја посетија Регионалната дирекција Скопје и Центарот за обработка на податоци...
 
24.12.2012
Измена на обрасци за фискализација ФА-01, ФА-02, ФА-03 и БЗ-01
Ги информираме даночните обврзници и овластените производители на фискални апарати дека обрасците во делот на фискализација ФА-01, ФА-02, ФА-03 и БЗ-01 се измените и поедноставeни согласно барањата на даночните обврзници и потребите кои произлегуваат од практичното работење во оваа област. Во новите измените обрасци овозможено е податоците да се пополнуваат и компјутерски. Обрасците од денес/24.12.2012 година се достапни и можат да се преземат од веб страница на УЈП...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија