Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

25.01.2013
Месечни ДДВ обврзници – Поднесување на електронски ДДВ-пријави до 23.59 часот
Денес /25.01.2013/ истекува рокот за поднесување на ДДВ-пријавите до УЈП, со кој и официјално отпочна да се применува новата законска обврска за месечните ДДВ обврзници за задолжително пријавување на ДДВ по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/, која стапи на сила од 1 јануари 2013 година. Според последната евиденција на УЈП, од вкупно 4594 месечни ДДВ обврзници, само 186 фирми се немаат регистрирано за користење на е-Даноци. Користејќи ги бенефитите од електронската комуникација, фирмите кои сеуште не се усогласиле и кои не поднеле ДДВ пријава до УЈП, истото ќе можат да го сторат во текот на денешниот ден најдоцна до 23.59 часот, со што ќе се смета дека ја исполниле својата законска обврска во пропишаниот рок...
 
24.01.2013
Прием на 36 нови субјекти во групата на големи даночни обврзници
Од 1 јануари 2013 година, во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници преминаа уште 36 даночни обврзници. Исполнувањето на повеќе критериуми, меѓу кои придонес и зголемено учество во буџетските приходи, износ на платен данок, добри финансиски показатели во работењето во 2012 година се причините 36 субјекти кои досега имале даночен третман на средни бизниси, да преминат во Дирекцијата за големи даночни обврзници...
 
22.01.2013
До 15 февруари – Фирмите за исплатените приходи во 2012 да поднесат Годишен извештај и да им издадат пресметки на граѓаните
Фирмите кои во изминатата 2012 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска, најдоцна до 15 февруари 2013 година, да поднесат Годишен извештај за исплатените приходи (образец “ПДД-ГИ“) до даночните канцеларии на УЈП или по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk Фирмите кои вршеле исплати, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2012 година...
 
18.01.2013
Демант - „Фокус“ (текст:„Ставревски ми се закани во Собранието!“)
Паушалните изјави изнесени во интервјуто на пратеникот Самка Ибраимовски (Фокус, стр.27, 11 јануари 2013 година), во ниту еден момент не се засноваат на факти и аргументи и не само што укажуваат на крајно непознавање на работата на даночните служби, туку и обид за лична промоција и за добивање на ситни политички поени на штета на угледот на УЈП. Дали фирмите на пратеникот и неговото семејство работат исправно или не, можеби за овој пратеник не е важно, но важно е за УЈП, бидејќи „секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон“...
 
17.01.2013
До 15 Февруари – Фирмите откупувачи на земјоделски производи да достават Годишен извештај “ПДД-ГИ/ОЗП“
Фирмите кои во изминатата 2012 година вршеле исплати на граѓани по основ на откуп на земјоделски производи имаат обврска до УЈП да достават Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (образец “ПДД-ГИ/ОЗП“). Пополнетиот Годишен извештај, фирмите треба да го достават до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk најдоцна до 15 февруари 2013 година, кога истекува и законскиот рок за исполнување на оваа обврска...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија