Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

05.06.2013
Поради неиздавање на фискални сметки – Затворени 17 објекти во Тетово и Гостивар
Во рамки на контролите кои беа спроведени во вкупно 35 објекти во Тетово и Гостивар, Управата за јавни приходи констатираше 17 случаи на неиздавање на фискални сметки и 9 случаи каде субјектите воопшто не се регистрирани за даночни цели...
 
04.06.2013
Од 1 јуни 2013 година - Нов клиентски софтвер за пресметка на бруто плата
За да можете да ги поднесувате пресметките за интегрирана наплата (образец МПИН), задолжително преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер преку веб страницата на УЈП...
 
03.06.2013
Во месец јуни - 6285 фирми треба да се прилагодат за електронско пријавување на даноци
Тримесечните ДДВ обврзници имаат уште еден месец да се регистрираат на е-Даноци, односно од 1 јули имаат законска обврска, наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk. Потсетуваме дека за успешна регистрација и користење на интернет сервисот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, фирмите треба да поседуваат: 1) Дигитален сертификат на USB токен, издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС; 2) Интернет конекција; 3) е-Пошта (валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ). . .
 
17.05.2013
Запленет имот и затворање на обложувалници во Тетово
Врз основа на претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и малверзации кај познати обложувалници во Тетово, во попладневните часови Управата за јавни приходи отпочна засилени контроли на нивното работење. Контролите се водат со асистенција на МВР.
 
22.04.2013
Даночна академија - Размена на искуства за „стратешко планирање“ со Кралството Холандија
Во рамки на Меморандумот за билатерална соработка, потпишан помеѓу Министерството за финансии на РМ и Министерството за финансии на Кралството Холандија, во просториите на Контакт центарот на УЈП, во периодот од 16 до 18 април 2013 година, се одржа експертска мисија на тема „Стратешко планирање“, на која предавачи беа експерти од даночната администрација на Кралството Холандија. На тридневната експертска мисија, 12 вработени од функциите „стратешко планирање, анализа и статистика“ и „финансиски прашања“ разменија искуства за стратешкото планирање во двете даночни администрации, како и во делот на развивањето на стратешки принципи и мерки на учиноци користејќи ги алатките „Balanced Scorecard“ и „SWOT“ анализата...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија