Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

26.06.2013
Фирмите во наредните пет дена да се прилагодат на е-Даноци
4.244 тримесечни ДДВ обврзници во наредните пет дена треба да се прилагодат за електронското пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, обврска која стартува на 1 Јули 2013 година. Доколку фирмите не се прилагодат на системот е-Даноци, истите нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ-пријава во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност. Исто така, 11.297 правни лица и вршители на дејност треба до 1 јули да мигрираат на новиот систем е-Даноци, во спротивно нема да можат повеќе да ги користат е-даночните услуги...
 
18.06.2013
Уште 15 дена – 5.481 фирми да се регистрираат и 12.059 да мигрираат на новиот систем на е-Даноци
На 5.481 тримесечни ДДВ обврзници им преостануваат уште 15 дена да ги преземат неопходните чекори, за да можат од 1 јули 2013 година непречено да пријавуваат данок преку интернет сервисот на УЈП https://etax-fl.ujp.gov.mk. Со стапувањето на сила на задолжително електронско пријавување, на шалтерите во УЈП повеќе нема да се примаат ДДВ-пријави и Даночни биланси за данок на добивка во хартиена форма. Исто така, 12.059 правни лица и вршители на дејност кои моментално се корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително ќе треба да мигрираат на новиот систем https://etax-fl.ujp.gov.mk, во спротивно од 1 јули нема да можат да ги користат е-даночните услуги. Постапката за регистрација и миграција е едноставна и се врши електронски...
 
17.06.2013
Пилот проект - Електронско известување за издавање на уверенија за платени даноци и придонеси во УЈП
Управата за јавни приходи отпочна со спроведување на Пилот проект за електронско известување на даночниот обврзник за статусот на неговото Барање за издавање на уверение/потврда за платени даноци и придонеси. Пилот проектот, во оваа фаза се спроведува само за поднесените барања во даночните канцеларии на УЈП во Скопје (Даночен шалтер Гази Баба, Даночен шалтер Чаир, Даночен шалтер Илинден и Регионална дирекција Скопје), а се планира во иднина да се прошири и во другите шалтери низ Републиката...
 
10.06.2013
Од 1 јули 2013 – Стариот систем за е-Даноци надвор од функција
Правните лица и самостојни вршители на дејност кои се регистрирани корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително треба да мигрираат кон новиот систем на електронски услуги на УЈП https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до 1 јули 2013 година. По истекот на овој рок, стариот систем на е-Даноци ќе биде ставен надвор од функција и електронските услуги на УЈП ќе бидат достапни само преку новиот систем https://etax-fl.ujp.gov.mk. Постапката за миграција е едноставна и се врши електронски...
 
10.06.2013
Адвокатите да се фискализираат
Согласно Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички („Службен весник на РМ“, бр.82 од 05.06.2013 година), од 13 јуни 2013 година се укинува обврската на адвокатите за користење на адвокатски маркички. Со укинувањето на примената на адвокатските маркички, за адвокатите отпочнуваат да важат обврските предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно адвокатите кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет, односно услуга / правна помош...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија