Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

04.10.2013
Септември – Кај 65 проценти од деловните објекти откриени неправилности
65 проценти од деловните објекти прикажувале нереални финансиски показатели и со тоа директно го оштетиле буџетот, покажуваат контролите на УЈП спроведени во месец Септември. Над 400 објекти не го прикажувале во целост готовинскиот промет од своето работење и плаќале помалку данок. Само во последните два дена, затворени се 17 објекти во Скопје, од кои четири се поголеми салони за мебел лоцирани во Центар, Чаир и Бутел. Во еден случај поднесена е и кривична пријава поради неовластено отстранување на пломбата на објектот. Со цел реално оданочување, УЈП паралелно со интензивните контроли во делот на фискализација, ја применува и мерката „попис“ посебно кај ризичните дејности, што значи проверка и пребројување на целокупната стока и производи во сите деловни единици на даночниот обврзник...
 
01.10.2013
Даночна академија - Примена на одредбите од Законот за ДДВ
Скопје - На 30 септември 2013 година, Даночната академија во Контакт центарот на УЈП одржа работилница за вработените во Царинската управа на РМ. Преку работилницата на тема: „Примена на одредбите од Законот за ДДВ“, царинските службеници се запознаа со одредбите од Законот за данокот на додадена вредност, елементите и документацијата потребни за изготвување на даночни пријави за поврат/плаќање на ДДВ, како и евидентирање на платениот ДДВ при увоз и по основ на решение за царински долг/враќање на повеќе платен ДДВ при увоз...
 
01.10.2013
Обврзниците да не бидат “снаодливи“ за да спречат контрола на УЈП
Во вчерашните активности на даночните служби во Скопје, регистриран е еден случај на обид за спречување на контрола на фискализација во познат маркет, на патот Сингелик-Арачиново. При контролата, даночниот обврзник се обидел да ја уништи сопствената финансиска документација која била предмет на проверка...Од вкупно 11 деловни објекти во населбите Автокоманда, Сингелик и Маџари, затворен е и познат хотел во центарот на Скопје. Финансиските контроли во Охрид потврдија дека стоматолошката дејноста е сеуште ризична од даночен аспект. Со неправилно финансико работење, буџетот го оштетиле 8 субјекти на кои им е изречена глоба и времена мерка забрана за вршење на дејност...Според податоците и она што е утврдено на терен од почетокот на годината, најголем даночен ризик од 27,16% е констатиран кај субјекти кои вршат спортски и забавни дејности (фитнес, аеробик и сл. клубови)...
 
26.09.2013
Сите деловни објекти во Македонија ќе се контролираат за фискализација
УЈП ја почна најголемата контрола во делот на фискализацијата до сега. Без исклучоци, во сите градови и општини, и најмала “пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците. На терен работат и мобилните екипи на УЈП од 150 даночни инспектори кои од почетокот на месец Септември затворија деловни објекти во Велес (21), Струмица (41), Гевгелија (23), Куманово (29), Скопје (69), Тетово (19), Прилеп (20)... Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти - дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација...Ја информираме јавноста и покрај обидите за притисоци и квалификации со цел локални препукувања и припишување на политичка, регионална и било каква конотација на работата на даночните служби, Управата за јавни приходи ќе продолжи со поддршка на легалните бизниси и сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноците.
 
26.09.2013
Нападната даночна службеничка во вршење на службени должности
Куманово - Денес/26 септември 2013 година, даночна службеничка - самостоен даночен референт од Даночно одделение Куманово, при вршење на службените должности била спречена и физички нападната од даночен обврзник. Имено, службеничката која вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти. Случајот е пријавен во СВР Куманово. Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности.
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија