Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
|
1 |
2 |
3 |
4 |
5 |
6 |
7 |
8 |
9 |
10 |
11 |
12 |
13 |
14 |
15 |
16 |
17 |
18 |
19 |
20 |
21 |
22 |
23 |
24 |
25 |
26 |
27 |
28 |
29 |
30 |
|
|
|
|
|
|
|
Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
31.10.2013
Скопје - Од 29 до 31 октомври 2013 година, во х.Александар Палас се одржува меѓународна работилница на тема „Подобрување на доброволната усогласеност преку едукација“. На настанот организиран во соработка со Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA), учествуваат 39 претставници на даночни администрации од 20 држави, како и претставници од IOTA и IBFD (International Bureau of Fiscal Documentation). Во фокусот на работилницата е едукација на даночните обврзници, која е значаен фактор кога станува збор за доброволното пријавување и наплата на даноците...
|
|
25.10.2013
Виница - Денес/25 октомври 2013 година двајца даночни контролори од Регионалната дирекција Скопје биле спречени во вршењето на службените должности, а едниот бил и физички нападнат од Петре Анѓелов, сопственик на хотелот „Шагал“, лоциран во близина на Виница. Во текот на контролата, даночниците откриле дека сопственикот води интерни евиденции за остварениот промет. Додека траел увидот во документацијата, двајцата даночни контролори биле вербално навредувани, а во моментот кога ја откриле неправилноста во работењето, сопственикот на хотелот физички го нападнал даночниот контролор кој вршел увид во интерната документација и брутално му ја одзел, со што оневозможил увид во истата од страна на службените лица од УЈП. По инцидентот, случајот е пријавен во полициската станица Виница, а сопственикот на објектот е приведен...
|
|
24.10.2013
Тетово – Денес/24 октомври 2013 година, истурена е непозната течна материја во просториите на Управата за јавни приходи во Тетово. Имено, утринава кога вработена во Регионалната дирекција Тетово пристигнала на работното место забележала дека во ходникот, пред влезот во канцелариите на Управникот и Заменик управникот, има истурено поголема количина на непозната течна материја со сребреникава боја, која многу наликува на жива. Со цел, преземање на соодветни мерки за постапување со непознатата течност, случајот е веднаш пријавен во СВР Тетово и Противпожарната служба...
|
|
22.10.2013
Секој купувач на добро или корисник на услуга има право да добие фискална сметка во моментот на плаќање. Неиздавањето на фискалната сметка, подразбира и дека граѓанинот нема потврда дека купил и платил за цената на производот/услугата во соодветниот деловен објект, со што се загрозуваат неговите потрошувачки права - за враќање или рекламација на купеното. Во последните контроли, се утврди дека 60 деловни објекти во Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци, со неиздавањето на фискални сметки им ги ускратиле правата на граѓананите кои “трошеле“ и “пазарувале“ токму во нивните деловни објекти...
|
|
10.10.2013
Според последните информации од терен, даночните контролори од Управата за јавни приходи затворија 40 деловни објекти во Маврово, Дебар, село Јанче, Струга, Лабуниште, Радожда, Враниште и Скопје, односно на сите им е изречена парична глоба и мерка времена забрана за вршење дејност. И покрај постојаните апели од УЈП до даночните обврзници да издаваат фискални сметки и да го регистрираат прометот, како и јавните објави дека Управата зајавни приходи континуирано врши интензивни контроли на терен во делот на фискализацијата, некои даночните обврзници продолжуваат да го заобиколуваат законот. Контролите се во тек и ќе продолжат во наредниот период.
|
|
|
|
|