Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

18.06.2014
Фирмите и граѓаните да извршат плаќање на заостанатите долгови за РДТ за да ги избегнат постапките на присилна наплата
Поради неплатен долг за Радиодифузна такса, УЈП отпочна со подготовка и дистрибуција на Опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање. За 31.660 фирми (правни лица и вршители на дејност) доставени се опомени поради неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари. Од следната седмица ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани. Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот. Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираме обврзниците во најкраток можен да извршат плаќање на заостанатите долгови...
 
13.06.2014
Фискализација - Даночни контроли во летниот период
Мобилните екипи на УЈП ќе вршат засилени контроли за фискализација во летниот период, посебно за времетраењето на светското фудбалско првенство и летните манифестации кои ќе се одржуваат низ општините и туристичките центри во Македонија каде се очекува зголемена посетеност на угостителските објекти, но и ризик од нерегегистрирање на готовинскиот промет. Со цел превентивно да делуваме субјектите редовно да издаваат фискални сметки, даночниците од вчера отпочнаа со засилени контроли во Гевгелискиот регион, каде поради откриени неправилности во финансиското работење запечатени се осум објекти. Затворени се и два објекти во Кавадарци и еден во Неготино во период од 15 дена...
 
10.06.2014
Задолжителна регистрација на е-Даноци за годишните ДДВ обврзници кои преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година, поради што УЈП на сите годишни ДДВ обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници ќе им достави „Решение за измена на даночен период за ДДВ“. За прв даночен период во 2014 година, ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ДДВ обврзници ќе треба да поднесат ДДВ-04 пријава преку е-Даноци и да извршат плаќање на ДДВ-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година. Според последните податоци, од вкупно 10.793 годишни ДДВ обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници, 444 сеуште ја немаат исполнето обврската за регистрација на системот за електронско пријавување на ДДВ преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk...
 
13.05.2014
101 објект без фискални сметки
И покрај тоа што контролите во делот на фискализацијата е една од најексплоатираните теми во јавноста и УЈП постојано апелира даночните обврзници редовно да издаваат фискални сметки на потрошувачите, сеуште постојат деловни објекти кои не го регистрираат прометот и го оштетуваат Буџетот на РМ. Во изминатата седмица, даночниците спроведоа засилени контроли на цела територија на Македонија. Од вкупно 665 контролирани деловни објекти, во 101 утврдени се неправилности во финансиското работење и неправилности во регистрирањето на готовинскиот промет...
 
09.05.2014
IOTA Форум „Преку обука до учење и развој“
Управата за јавни приходи во соработка со Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) во периодот 7-9 мај 2014 година е домаќин на 11-ти IOTA Форум за обука „Преку обука до учење и развој“ на кој учествуваат 47 претставници од 28 даночни администрации...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија