Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“, кој истекува на 25.04.2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ -04, ќе се смета 26.04.2024 година, имајќи ја во предвид Одлуката на Влада на РСМ, со која 24.04.2024 г. (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.