Memorandum_mk
25.10.2023
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ- 04 ПРИЈАВИТЕ ДО 26 ОКТОМВРИ 2023 ГОДИНА

Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и неработните денови по повод празниците, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночните пријави преку системот е- Даноци, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека Согласно Законот за даночна постапка рокот за поднесување на ДДВ- 04 пријавите се продолжува за еден работен ден.

За краен рок за поднесување на ДДВ- 04 пријавата, ќе се смета 26.10.2023 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија