Memorandum_mk
31.03.2023
ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОБВРСКИ ЗА ДЛД И ДД ЗА 2022 ГОДИНА!

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници во законскиот рок да ги платат годишните даночни обврски за 2022 година!

Рокот за плаќање на даночните обврски по основ на ДД и ДЛД истекува на:

  • до 30 Март 2023 година – за обврските по ДЛД-ДБ за 2022 година

  • до 30 Март 2023 година - за обврските по ДБ, ДБ-ВП и ДБ-НП/ВП на даночните обврзници кои до ЦРРСМ поднеле годишна сметка во хартиена форма (со рок за поднесување до 28.02.2023 година)

  • до 18 Април 2023 година - за обврските по ДБ, ДБ-ВП и ДБ-НП/ВП на даночните обврзници кои до ЦРРСМ поднеле електронска годишна сметка (со рок за поднесување до 15.03.2023 година)

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.

Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:

  • отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето

  • УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата

  • повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспеаните месечни рати и др.
    Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
    Преземи калкулатор (прилог)

Начин на исполнување на даночниот долг
Даночниот обврзник го исполнува даночниот долг со плаќање на паричен износ на пропишаните уплатни сметки за јавни приходи: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki

Даночниот долг може да биде исполнет и со пребивање, ако даночниот обврзник има уплата по основ на даноци по друг основ или побаруван данок по друг основ во износ кој е поголем од долгуваниот износ, па од износот на претплатата ќе се намират пристигнатите обврски за данок на добивка. Исполнувањето на даночниот долг може да се изврши и со плаќање од страна на трето лице.

Повеќе информации за начинот на пресметување и плаќање на данокот на добивка, годишниот данок на вкупен приход и данокот на доход од самостојна дејност ќе најдете на:

http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/580
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/537
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/151

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија