Memorandum_mk
20.02.2023
МАКЕДОНСКА ДАНОЧНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ ЗА Е-ФАКТУРА И Е-ФИСКАЛИЗАЦИЈА ВО БЕЛГРАД

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со дел од раководството на УЈП и претставници од Министерството за финансии, одржаа работни состаноци во Министерството за финансии и Даночната управа на Република Србија.

На средбата во Српското Министерството за финансии помошник министрите Соња Талијан задолжена за дигитализација и Драган Демировиќ задолжен за фискализација го презентираа процесот на воведување на е-фактура, и зборуваа и за предизвиците и различните аспекти со кои се соочиле. е-Фактура започнала со примена од први јануари оваа година а воведувањето се одвивало во неколку фази со цел навремено да се увидат силните и слаби страни на системот.
„Слабости увидовме во техничките карактеристики и времето на издавање на фактурите, а предности во следење на прометот и данокот на додадена вредност“ - рекоа од српското министерство за финансии.

Директорката Лукаревска, истакна дека проектот во РСМ, ќе го реализира Управата за јавни приходи заедно со министерството за финансии.
„Подготовките се започнати а вашето искуство во однос на електронската фактура е од особено значење. Со овој проект, очекуваме изедначување на условите за работа на компаниите, односно намалување на сивата економија, што ќе значи и создавање на услови за намалување на нелојална конкуренција, зголемување на даночните приходи и подобро следење на прометот и на ДДВ - рече директорката на УЈП Сања Лукаревска.

На средбата со даночната управа на Србија директорката Драгана Марковиќ, ги презентираше резултатите од е-Фискализацијата. Истакна дека реформскиот процес на трансформација на нивната даночната управа е во експанзивна фаза за создавање модерна даночна администрација, ориентирана кон потребите на даночните обврзници.

Лукаревска ги информираше присутните дека во блиска иднина се планира и реализација на проектот за воведување е-Фискализација.

Директорките разменија мислења за даночните прашања што ги засегаат двете даночни администрации а ги разгледаа и можностите за унаредување на соработката во делот на размена ан податоци и инфрмации во насока на даночно затајување а кој ги овозможува Меморандумот за соработка кои двете институции го потпишаа во рамки на Отворен Балкан.

   
  

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија