Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
13.01.2023
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ГОДИШНИОТ ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА 2021 ГОДИНА!

Почитувани даночни обврзници,

Ве повикуваме да го платите заостанатиот даночен долг по годишната даночна пријава „ДЛД-ГДП” за 2021 година.

Управата за јавни приходи ќе достави електронски пораки до сите даночни обврзници кои според даночната евиденција сеуште го должат годишниот данок на доход за 2021 година. Ги замолуваме даночните обврзници кои ќе добијат ваква порака, да го следат упатството дадено во самата порака, кое ќе им помогне како да постапат.

Даночни обврзници кои имаат потешкотиите во платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, може да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/pregled/filter/15/0.
Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:

  • отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето
  • УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата
  • повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспените месечни рати и др.
    Подетални информации за условите и постапката за одобрување на одложеното плаќање може да најдете во брошурата Одложено плаќање на даночен долг http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/1373/08-6216_1_Brosura_Odlozeno_plakanje_15.09.2021.pdf

Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
Преземи калкулатор (прилог)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија