Memorandum_mk
18.11.2022
ЛУКАРЕВСКА НА СРЕДБА СО ЖЕНИ ПРЕТРПИЕМАЧКИ ОД СКОПЈЕ

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска се сретна со жени претприемачки од скопскиот регион. На средбата, директорката кажа дека жените менаџерки во овој регион управуваат со околу 7.800 компании, обезбедуваат приход од над 80 милијарди денари и исплаќаат плата на над 42 илјади вработени. Целта како што истакна Лукаревска е во рамки на надлежностите на УЈП да се создаваат правно – законски услови за решавање на препреките и овозможување на фер услови за развој на стопанството.

,,Укажувањата, предлозите, идеите се водилка за Управата за јавни приходи да стане уште потранспарентна институција која континуирано вложува во унапредување на соработката со сите чинители во економијата,, рече Лукаревска.
Присутните на средбата дадоа предлози за подобрување на даночната управа, се интересираа за даночните измени и реформи побараа советувања за идните законски даночни измени и укажаа дека ваквите средби овозможуваат јакнење и унапредување на меѓусебната соработка.

Управата за јавни приходи со цел јакнење на партнерскиот однос со даночните обврзници а како дел од активностите посветени на празникот на даночните работници продолжува со одржување на вакви средби и во останатите градови.

     

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија