Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска се сретна со шефот на политички и економски оддел, Кристофер Зимер, Јордан Дамчевски - советник за економски прашања, и Митко Бурчевски - советник за политички прашања при амбасадата на САД во земјава.
Тема на состанокот беше модернизација и дигитализација на УЈП а се разговараше и за поддршката која во изминатите години ја добива Управата за јавни приходи преку меѓународните организации ММФ и Светска банка. На состанокот се презентираше и реформата за дигитализација и модернизација на УЈП, а се разгледаа и можностите за следна соработка која ќе овозможи заокружување на реформскиот процес на институцијата.
Присутните се согласија дека ваквите билатерални средби, отвораат нова можност за меѓусебна соработка, и овозможуваат бенефит да почувствуваат бизнис заедницата и граѓаните.
Управата за јавни приходи ќе продолжи да гради партнерски односи и да ги модернизира процесите се со цел исполнување и прилагодување на институцијата кон светските даночни трендови.