|
|
Управата за јавни приходи претставувана од директорката Сања Лукаревска заедно со раководствата на даночните администрации од 44 земји членки, ја утврдија новата петгодишна стратегија на IOTA, за период 2023 – 2027 година. На Генералното собрание беа разгледани: измените и дополнувањата на Повелбата, новиот Кодекс на однесување а се утврди и финансиската рамка за наредните години и Буџетот за наредниот период.
Даночната администрација на Исланд, стана полноправна членка на IOTA. Во периодот 2022 – 2023 година Извршниот совет на IOTA, ќе го раководат даночните администрации на земјите на: Австрија, Италија, Литванија, Норвешка, Полска, Португалија, Словенија и Велика Британија.
|