Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.12.2007
За готовински плаќања -Задолжително издавање на фискални сметки

Во текот на месец ноември Управата за јавни приходи Регионална дирекција Скопје, по пријави од граѓани на телефонскиот број 198, изврши 61 контрола во делот на фискализацијата и почитувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Во контролите даночните инспектори утврдија неправилности кај пријавените даночни обврзници, односно во 21 случај истите неиздавале фискални сметки или немале воведено фискален апарат.

Поради кршење на Законот, на правните и одговорните лица УЈП им изрече парична глоба во износ од 1000 и 500 евра, односно 200 евра за вршители на дејност. Истовремено, на сите прекршители, изречени им се и времени забрани за вршење на дејност во траење од 30 дена и извршено е запечатување на деловната просторија.

Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници доследно да ги применуваат и исполнуваат обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кој плаќањето се врши во готово, должни се да воведат и користат фискален апарат и задолжително да издаваат фискална сметка, односно да ги регистрираат извршените готовински плаќања.

Заради целосно спроведување и примена на Законот од страна на даночните обврзници, во наредниот период Управата за јавни приходи ќе врши засилена контрола и инспекциски надзор во делот на фискализацијата.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија