Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
21.02.2022
ЛУКАРЕВСКА ВО ПОСЕТА НА ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК КОРИСНИК НА ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес го посети даночниот обврзник КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ БТ ДООЕЛ Битола чија основна дејност е производство на електрична и електронска опрема за моторни возила. Директорката истакна дека овој обврзник ја користи мерката за субвенционирање на придонеси заради зголемување на плати за 4476 вработени, а ги користел и економските мерки кои ги донесе Владата за справување со кризата предизвикана од Ковид 19, односно финансиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни каде државата ги помогнала со 73, 5 милиони денари и за месеците октомври, ноември и декември со поддршка од државата во износ од 206,6 милиони денари за исплата на плати на вработените.
Соработката и поддршката што си ја даваат државата и бизнис секторот е неминовна за заедничко надминување на кризните состојби ,но и за заедничко споделување на успесите- истакна Лукаревска на денешната средба со раководниот тим на компанијата.
Директорката на крај им посака уште поголеми успеси во нивните нови предизвици и нови проекти.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија