Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.01.2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.01.2022 година.