Управата за јавни приходи известува дека на ден 04.01.2022 година (вторник) Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе ја посети Управата за јавни приходи и ќе одржи работен состанок со Директорката Сања Лукаревска и раководството на Управата за јавни приходи. На работниот состанок ќе се разговара за реализираните проекти и реформи на Управата за јавни приходи во изминатиот период и проектите и активностите на кои што ќе се работи во текот на 2022 година.
Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе дадат изјави за медиумите во 12.30 часот.
Место за давање изјави:
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
(на платото во дворот на зградата на Комплекс Банки)
време:12:30 часот
Лице за контакт:
Даниела Бошковска
Телефон: 076/446-540
Маил: Daniela.Boshkovskа@ujp.gov.mk