Memorandum_mk
03.12.2021
ДОНАЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ МАЈКА ТЕРЕЗА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Под мотото „Биди човек, биди хуман“ вработените во УЈП секоја година традиционално по повод Денот на даночните работници – Св.Матеј, ја покажуваат својата хуманост собирајќи парични средства наменени за донација. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, го посети Центарот Мајка Тереза во Гевгелија, каде во име на вработените во УЈП донираше интерактивен таблет - ЕФАН. Таблетот е едукативна алатка, во вид на маса и работи на допир, а ќе овозможи децата на поедноставен начин да учат и да ги подобруваат своите вештини.

     
     
     

Центарот Мајка Тереза со своите активности им помога на лицата со посебни потреби во надминувањето на бариерите за самостојно живеење, подобрување на нивната социјална, работна и образовна вклученост во општеството.

 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија