Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
02.12.2021
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ ДОЛЖАТ ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

Почитувани даночни обврзници,

Ве информираме дека согласно овластувањата од Законот за даночна постапка Управата за јавни приходи започна со активност која ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход - физички лица, кои во тековната 2021 година остваруваат доход од вршење дејност, оствариле доход од закуп и подзакуп на движен и недвижен имот или капитална добивка од продажба или размена на недвижен имот, учество во капиталот или друг подвижен или нематеријален имот, кои се должни да платат данок на личен доход по тој основ, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на доспеаните аконтации на данокот по налозите за плаќање издадени од Управата за јавни приходи. Оваа активност ќе ги опфати исто така и даночните обврзници кои не ја платиле разликата за доплата од годишната даночна пријава ДЛД-ГДП за 2020 година.

Оваа активност ќе овозможи усогласување на Управата за јавни приходи и даночните обврзници доколку данокот го платиле со налог за плаќање кој не е издаден од Управата за јавни приходи или заради друга причина извршената уплата не е евидентирана во даночната евиденција на УЈП, како и потсетување на обврзниците кои не ги платиле доспеаните даночни обврски.
Даночните обврзници кои ќе добијат порака на својот е-маил (пријавен при регистрација на системот е-ПДД), со наслов “Известување за неплатен годишен данок на личен доход за 2020 година или неплатени аконтации на данокот на личен доход за 2021 година”, ги замолуваме да го следат упатството дадено во самата порака, кое ќе им помогне како да постапат.
Воедно, ги известуваме даночните обврзници дека за уплата на разликата за доплата на данокот на личен доход утврден со годишната даночна пријава ДЛД-ГДП за 2020 може да користат одложено плаќање.

Повеќе информации за условите и постапката за одложено плаќање може да добиете на следниот линк
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/76

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија