Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
16.04.2021
РАБОТНА СРЕДБА ЗПВРСМ ФАТМИР БИТИЌИ И ДИРЕКТОРКАТА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ САЊА ЛУКАРЕВСКА

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес остварија работна средба на која разговараа за даночните активности и предизвиците на Управата. Битиќи и Лукаревска во рамки на заедничките активности, прво ја посетија Дирекцијата за големи даночни обврзници на УЈП. „Оваа Дирекција администрира 366 најголеми плаќачи на данок во државата и истата наплатува 44.63% од вкупната наплата на даноци“, информираше Лукаревска за време на посетата.
Директорката го запозна вицепремиерот Битиќи со тековните активности и предизвиците со кои се соочува Дирекцијата, во спроведување на даночните активности, како и за успешните резултати остварени од наплата на даноците и партнерскиот однос кој оваа Дирекција го негува со даночните обврзници.
Работната средба продолжи и во Генералната дирекција, каде вицепремиерот Битиќи, директорката Лукаревска и раководството на УЈП разговараа за досегашната успешна реализација на антикризните мерки. Дополнително Директорката го запозна вицепремиерот со тековните проекти кои ги подготвува УЈП: е-даноци, е-МПИН, автоматски поврат и пребивање, матична евиденција и даночно книговодство. Сите овие проекти се имплементираат со цел подобрување на деловните практики и внесување на промени во согласност со севкупната дигитална трансформација, а во насока на подобро администрирање на даночните приходи и придонеси и давање квалитетни услуги на обврзниците. Вицепремиерот Битиќи истакна дека ова е една од најзначајните институции, и еден од столбовите на економијата.

,,Коронавирусот ни покажа дека дигитализацијата е неопходна секаде, а вие како институција во време на пандемија целосно одговоривте на предизвикот“– нагласи Битиќи и ја истакна големата улога која УЈП ја има при имплементацијата на економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за време на кризата.
За време на ативностите беше потенцирано дека во март 2021 година, Управата за јавни приходи реализира наплата на даноците во износ од 7.720.610.346,00 денари, што во споредба со истиот месец во 2020 година претставува повисока наплата кај даноците од страна на компаниите, што е добар знак дека економските активности во земјата се движат кон подобро. Поединечно, кај данокот на додадена вредност се бележи поголема наплата за 29,49 %, наплатата кај данокот на личен доход е повисока за 12,55%, додека пониска наплата за 1,32 %, се регистрира само кај данокот на добивка.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија