Memorandum_mk
01.04.2021
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕТПОПОЛНЕТА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА 2020 ГОДИНА

Управата за јавни приходи ја започна активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.

Ги повикуваме регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2020 година преку своите кориснички профили.
Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2020 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.05.2021 година.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2021 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава - потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишни даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2020 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година.

Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-ПДД, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки од користењето на системот.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија