Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
25.11.2020
РОК ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ДАНОЧНИ ПЕРИОДИ ОКТОМВРИ 2020 - НОЕМВРИ 2021

Се известуваат даночните обврзници и сметководители дека рокот за плаќање на обврските по основ на данок на додадена вредност пресметан и пријавен во ДДВ 04 пријави за даночни периоди од Октомври 2020 до Ноември 2021 година се продолжува за 5 (пет) дена. 

Согласно член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (објавен во Службен весник бр.267 од 09.11.2020 година кој влегува во сила со денот на објавување во Службен весник), данокот пресметан и пријавен за соодветниот даночен период, даночниот обврзник го плаќа најдоцна во рок од пет дена по истекот на роковите пропишани во членот 41 ставови (1) и (4) од овој закон, во кои се поднесува даночната пријава. 

Известуваме дека рокот за плаќање на ДДВ за даночниот период 01.10-31.10.2020 година, кој пред измените на законот беше определен на 25.11.2020 година, е поместен на 30.11.2020 година. Последен даночен период за кој ќе се применуваа оваа одредба е даночниот период 01.11.2021-30.11.2021 година.

Корисни информации:
Закон за данокот на додадена вредност (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/17)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија