Memorandum_mk
03.11.2020
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ ОКТОМВРИ, НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Владата на Република Северна Македонија во рамките на четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19 го усвои пакетот мерки кој, меѓу другото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места. Овој предлог закон е во собраниска процедура и очекуваме да биде донесен во најкраток можен рок.

Имајќи го во предвид фактот дека законот сеуште не е донесен како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите.

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци a УЈП во рок од 3 дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.
Управата за јавни приходи, го подготви системот е-Даноци за поднесување на Барање за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати и веднаш по донесувањето на законот и подзаконскиот акт, на интернет страницата, ќе го објави образецот Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците ќе го постави на системот е-Даноци за непречено поднесување од страна на работодавачите.

Работодавачот со комплетно барање, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б од месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец) внесува шифра 5001, а работодавачот кој може да истовремено да користи и друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира со шифрата 5001. По обработка на МПИН образецот, Управата за јавни приходи ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец.

По усвојување на законот од страна на Собранието на РСМ, Управата за јавни приходи на прес конференција подетално ќе ги образложи поединостите од Законот односно условите за користење на финансиската поддршка, начинот и роковите за исплата на финансиските средства на работодавачите, постапката на враќање на средствата, но и за казните за прекршување на законските одредби.

За сите прашања околу четвртиот сет на антикризни мерки Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да се обратат на маилот: finansiska.poddrska@ujp.gov.mk како и на контакт лицата по регионалните дирекции (прилог список).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија