Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
13.10.2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ НА ГОДИШЕН ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА 2019 ГОДИНА

Почитувани даночни обврзници,

Ве информираме дека Управата за јавни приходи започна со активност која ќе ги опфати обврзниците на данок на личен доход (физички лица) за кои во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход ДЛД-ГДП за 2019 година е утврдена разлика за доплата на данок на личен доход, а во даночната евиденција сè уште не е евидентирана уплата на утврдената разлика за доплата, односно не е евидентирана уплата по налогот за плаќање издаден од Управата за јавни приходи.

Целта на оваа активност е усогласување на Управата за јавни приходи и даночните обврзници доколку разликата за доплата е платена со налог за плаќање кој не е издаден од Управата за јавни приходи по Годишната даночна пријава ДЛД-ГДП, или доколку даночниот обврзник има право на користење на даночно ослободување, а воедно и потсетување на даночните обврници кои треба да ја уплатат разликата за доплата.

Даночните обврзници кои ќе добијат порака на својот е-маил (пријавен при регистрација на системот e-ПДД), со наслов "Известување за долг по ДЛД-ГДП за 2019 година", ги замолуваме да го следат упатството дадено во самата порака.

Ви благодариме на соработката,

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија