Memorandum_mk
02.07.2020
СЕ ЗАОКРУЖИ ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ НА МОЈ ДДВ ЗА 2020 ГОДИНА, ИСПЛАТАТА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО АВГУСТ


Управата за јавни приходи известува на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица.

Во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра. Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година .
Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија