Memorandum_mk
29.06.2020
ПОСТАВЕНО Е БАРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА МЕДИУМИ

Согласно Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, работодавач-медиум може да ја користи мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID -19 за времетраење на вонредната состојба, за месеците јуни, јули и август 2020.

Работодавачот - медиум за искористување на ова право треба да поднесе образец БС-ПЗСОM до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, при што Управата за јавни приходи, во рок од 5 дена од денот на доставувањето, ја потврдува комплетноста на барањето. На работодавачот - медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми - образец БС-ПЗСОМ е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Корисни информации:

 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија